Tenor ги вклучува мобилната апликација Tenor, веб-сајтот на Tenor лоциран на http://tenor.com, екстензиите на Tenor и Tenor API. Tenor API може да се интегрира со уреди или услуги од трети страни, но сите услуги поврзани со Tenor се обезбедени од Google.
За да користите Tenor, мора да ги прифатите (1) Условите за користење на Google и (2) овие „Дополнителни услови за користење на Tenor“ („Дополнителните услови на Tenor“).
Внимателно прочитајте го секој од документиве. Заедно овие документи се познати како „Условите“. Тие утврдуваат што може да очекувате од нас додека ги користите нашите услуги и што ние очекуваме од вас.
Ако овие „Дополнителни услови на Tenor“ се во судир со Условите за користење на Google, овие „Дополнителни услови“ ќе раководат со Tenor.
Иако не е дел од овие „Услови“, ве поттикнуваме да ја прочитате нашата Политика за приватност за да разберете подобро како може да ги ажурирате, управувате, извезувате и бришете вашите податоци.
Tenor ви дозволува да ги поднесувате, складирате, испраќате, примате или споделувате вашите содржини. Вашите содржини се со лиценца на Google како што е опишано во „Условите за користење на Google“, така што ако прикачите содржини на Tenor, ние може да им ги прикажуваме тие содржини на корисниците и да ги споделуваме кога ќе добиеме такви упатства, а тие корисници (вклучувајќи ги и корисниците кои пристапуваат до содржините преку Tenor API) може да ги прегледуваат, споделуваат и менуваат тие содржини.
2.1 Не смеете да го користите Tenor за комерцијални цели или во корист на некоја трета страна.
2.2 Како што објаснивме во „Условите за користење на Google“, сакаме ова да биде средина во којашто сите се почитуваат. Кога го користите Tenor, мора да ги следите нашите Програмски правила и основните правила на однесување опишани во „Условите за користење на Google“. Особено, кога го користите Tenor, не смеете:
а. да поднесувате, складирате, испраќате или споделувате содржини:
б. да испраќате какви било непоканети или неовластени рекламни содржини, промотивни материјали или комуникација, вклучително и е-пошта, пошта, спам, верижни писма или други барања.