We've updated our Услови за користење and Политика за приватност. By continuing you agree to Tenor's Услови за користење and Политика за приватност.
Tenor.com е преведен според поставката за јазик на вашиот прелистувач. Ако сакате да го промените јазикот, кликнете .
Лого на Tenor
Икона за прикачувањеСоздај
Производи
  • GIF Keyboard
  • Android
  • Партнери за содржини
Откривајте
  • GIF-датотеки со реакции
  • Откривајте GIF-датотеки
Компанија
  • За
  • Медиуми
  • Блог
  • ЧПП
  • Услови и приватност
  • Лиценци на веб-сајтот
  • Контактирајте со нас
API
  • API за Tenor GIF
  • API-документација за GIF
  • Unity AR SDK
Лого на Tenor

Услови за користење на Tenor

Услови за користење · Политика за приватност

Последна промена: 3 март 2021 г.

Tenor ги вклучува мобилната апликација Tenor, веб-сајтот на Tenor лоциран на http://tenor.com, екстензиите на Tenor и Tenor API. Tenor API може да се интегрира со уреди или услуги од трети страни, но сите услуги поврзани со Tenor се обезбедени од Google.

За да го користите Tenor, мора да ги прифатите (1) Условите за користење на Google и (2) овие „Дополнителни услови за користење на Tenor“ („Дополнителните услови на Tenor“).

Внимателно прочитајте го секој од документиве. Заедно овие документи се познати како „Условите“. Тие утврдуваат што може да очекувате од нас додека ги користите нашите услуги и што ние очекуваме од вас.

Ако овие „Дополнителни услови на Tenor“ се во судир со Условите за користење на Google, овие „Дополнителни услови“ ќе раководат со Tenor.

Иако не е дел од овие „Услови“, ве поттикнуваме да ја прочитате нашата Политика за приватност за да разберете подобро како може да ги ажурирате, управувате, извезувате и бришете вашите податоци.

1. Вашите содржини.

Tenor ви дозволува да ги доставувате, складирате, испраќате, примате или споделувате вашите содржини. Вашите содржини се со лиценца на Google како што е опишано во „Условите за користење на Google“, така што ако прикачите содржини на Tenor, ние може да им ги прикажуваме тие содржини на корисниците и да ги споделуваме кога ќе добиеме такви упатства, а тие корисници (вклучувајќи ги и корисниците кои пристапуваат до содржините преку Tenor API) може да ги прегледуваат, споделуваат и менуваат тие содржини.

2. Забранети содржини.

2.1 Не смеете да го користите Tenor за комерцијални цели или во корист на некоја трета страна.

2.2 Како што е објаснето во „Условите за користење на Google“, сакаме ова да биде средина во којашто сите се почитуваат. Кога го користите Tenor, мора да ги следите нашите Програмски правила и основните правила на однесување опишани во „Условите за користење на Google“. Конкретно, кога го користите Tenor, не смеете:

а. да доставувате, складирате, испраќате или споделувате содржини:

i. што прекршуваат или поттикнуваат какво било однесување што би ги прекршило важечките закони или правата на другите, вклучително и содржини што повредуваат, присвојуваат или прекршуваат туѓи права на интелектуална сопственост или права на публицитет или приватност

ii. што содржат лични или податоци за контакт за друго лице без негово претходно овластување

iii. што промовираат незаконски или штетни активности или супстанции

iv. што се измамнички или доведуваат во заблуда

v. што се неточни или клеветнички

vi. што се непристојни или порнографски

vii. што промовираат или претставуваат дискриминација, предрасуди, расизам, омраза, вознемирување или повреда на кој било поединец или група

viii. што се насилни или се закануваат или промовираат насилство или дејства што се закануваат на кој било поединец, група или организација или

б. да испраќате какви било непоканети или неовластени рекламни содржини, промотивни материјали или комуникација, вклучително и е-пошта, пошта, спам, верижни писма или други барања

2.3 Сите содржини проценети како несоодветни, незаконски или некомпатибилни може да се ограничат или отстранат. Користиме комбинација од системи за идентификување и процена на содржините генерирани од или прикачени на нашите услуги што ги прекршуваат нашите правила, како што се овие услови, Условите за користење на Google или пак, што го прекршуваат законот. Сепак, сфаќаме дека понекогаш правиме грешки. Ако сметате дека вашите содржини не ги прекршуваат овие „Услови“ или дека се отстранети по грешка, може да поднесете жалба.

Може да ви го ограничиме користењето на нашата услуга или да ви ја суспендираме или укинеме сметката:

  • ако значително или постојано ги прекршувате овие „Услови“
  • ако треба да го направиме тоа заради сообразност со законски услов или судски налог
  • ако разумно сметаме дека вашето однесување предизвикува штета или одговорност кон корисник, трета страна или Tenor, на пример, со хакирање, фишинг, вознемирување, спамирање, доведување во заблуда или стружење содржини што не ви припаѓаат или ако сте доставиле, складирале, споделиле или испратиле забранети содржини

За повеќе информации за тоа зошто ги оневозможуваме сметките и што се случува кога го правиме тоа, погледнете ја оваа статија во „Центарот за помош“. Ако сметате дека вашата сметка на Tenor е суспендирана или укината по грешка, може да поднесете жалба.